На вчерашната гостување во „Јади бурек“ кај Јанко Илковски, доктор Игор Николов, дел од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека играњето со мерките, постапките на Комисијата за заразни болести и одлуките на Владата, како и немањето доволно мерки го дава сега резултатот на енормни бројки на новозаболени и починати.
-Недисциплината, играњето со мерките, постапките на Комисијата за заразни болести, одлуките на Владата, ние ништо не знаеме детално што се случува, само гледаме дека немаше мерки. Недисциплината и немањето мерки го дава овој резултат на енормни бројки на заболени и починати, кртикуваше доктор Игор Николов на вчерашното гостување.
Николов исто така укажа на примерот на Франција, во справување со пандемијата каде како што рече мерките дадоа резултат.
-На пример во Франција имаше полу-карантин, луѓето одеа на работа и работеа се водеше грижа за економијата, сега ги олабавуваат мерките, ама постигната е целта. Целта им беше да го намалат индексот на ширење на вирусот или имаа П индекс 1,6 и стигнаа до 0,65. И сега се олабавуваат мерките. Тоа им беше плански,целта ја постигнаа на здравствен план, а сега бидејќи доаѓа Божиќ и тоа им е многу важно за нивната економија, истата ќе се раздвижи. Или го симнаа индексот на ширење и сега се подготвени за божиќните празници, појасни Николов.
Според Николов во земјава нема мерки и додаде „власта само зборува дека бара кревети и лимитира работа на кафулиња и рестораните, но се изнајмуваат станови, куќи, се нарачува кетеринг за двесте луѓе, а никој не води контрола, затоа се потребни вистински мерки и да се контролира дали тие навистина се спроведуваат“.
-Пикот што го имавме во април, потоа имавме раст во јуни кога делеа наводна социјална помош и сега во октомври кривата оди уште погоре, а здравствениот систем не одмори воопшто, а при тоа и индексот на ширење никогаш не се намали, потенцираше доктор Николов на вчерашното гостување.