Периќ доби дозвола предврме да си замине од Вардар

Македонскиот машки ракометен првак и сеуште актуелен европски „владетел“ Вардар порано од планираното остана без тренерот на голманите Дејан Периќ. Српскиот стратег замина во редовите на германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин. Оваа разделба беше најавена да се реализира на крајот од еснскиот дел, но „црвено-црните“ му излога во пресрет и го ослободија Периќ од обврските порано.

Во тимот на Фуксе Берлин има двајца поранешни вардарови играчи, сонародници на Периќ. Голманот Дејан Милосављев кој на меѓународната сцена како успешен чувар на мрежата на Вардар го лансираше токму Периќ и пивотменот Мијајло Марсениќ.

 

 

Треба да знаете
Последни објави