Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска повторно одби да му честита на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден за изборната победа, повторувајќи го својот претходен став дека тоа ќе го стори кога ќе заврши изборниот процес во САД.
Обрадор објасни дека нема ништо против кој било кандидат или политичка партија што учествуваат на претседателските избори во Америка, но оти не сака да праќа честитки додека не заврши изборниот процес.
– Што е најдобро? Да почекаме, рече Обрадор.