Силекс, Академија Пандев, Македонија ЃП и Струга Трим Љум се полуфиналистите во фудбалскиот Куп на Македонија.
Во дербито на четвртфиналето Силекс со подобро изведување на пенали ја елиминира фаворизиранта Шкендија откако средбата во регуларниот дел заврши без голови (0:0 – 4:2 на пенали). олза на кратовчани (4-2). Дека куп-натпреаврувањето е непредвидливо и го следат изненадувања докажа и тимот на Академија Панде кој го елиминира Шкупи победувајќи го со 2:1.
Фавортиската улога ја искорити Македонија ЃП како гостин кај Беласица 4:1, а предноста на домашниот терен по вторпат во три дена ја потврди Струга ТЛ елиминирајќи ја Ренова со идентичен резултат како во неделниот првенствен меч од 1:0.
Последниот освојувач на македонскиот куп Академија Пандев кој триумфираше во мај 2019 година, откако во изминатата сезона поради пандемијата со коронавирус не се доигра сезоната, и покрај кризниот период, смената на два тренери, сепак покажаа квалитет и ја продолжуваат борбата за нов пехар.
Горан Томовски во 36-та минута и Томислав Илиев во 69-та постигнаа два гола за да ги шокираат чаирчани, па после Вардар кого го елиминираа во минатата осминафинална рунда, сега му земаа мерка на уште еден скопски гигант. Дембо Дарбо постигна голот за Шкупи, во 63-та минута со кој чаирчани израмнија, но не издржа до крајот.
Македонија ЃП ја растури Беласица среде Струмица, а Ермедин Адем даде два гола, додека по еднаш во листата на стрелците се запишаа интернационалците Калид Басит и Андерсон Силва во триумфот од 4-1.
Струга Трим Лум ја победи Ренова со со гол од пенал на Нијаз Лена во 53-та минута.