Животот на легендарниот фудбалски мајстор Деиго Марадона згасна денеска. Здравствената состојба на Аргентинецот утринава се влошила, тој добил срцев удар, за жал лекарските екипи не успеале да го спасат.
Додека целиот свет тагува и социјалните мрежи, порталите и сите медиуми на големо објавуваат информации поврзани со Марадона, неговата смрт се крие од една личност, а тоа е Карлос Билардо.
„Го исклучивме телевизорот, не сакаме Карлос да дознае за смртта на Диего бидеќи многу го сака, и ќе го заболи многу доколку дознае. За Карлос, Диего беше синот кој никогаш го немаше“, откри братот на Билардо, Хорхе.
Билардо е првиот селектор на Аргентина кој му ја додели капитенската лента на Марадона.