Од ЈП Водовод информираат дека најавениот прекин во водоснабдувањето на ул.Роза Луксембург 19 (за ден 25.11.2020 среда), односно санацијата на дефектот се одложува за утрешниот ден (26.11.2020 четврток).
Поради уличен дефект на цевка со пречник од Ф 80мм на ул.Роза Луксембург помеѓу бр.17 и 19, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Роза Луксембург, дел од Петар Поп Арсов, дел од 9-ти Мај, дел од Христо Смирненски, дел од Митрополит.Т.Гологанов, дел од Костурски Херои, дел од Борка Талевски и дел од Диме Аницин во време од 09:00 часот до санирање на дефектот. (општина Центар)