Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ покажува негрижа за образованието и младите – еднаква како во нивните 11 години режимско владеење. Нивната политика е деструктивна и директно говори за незаинтересираноста и обидот да ги срушат позитивните промени кои се долгоочекувани во образованието.
За првпат во буџетот на Министерството за образование се предвидени средства за ангажирање образовни асистенти за учениците. Со 54 милиони денари се обезбедуваат образовни асистенти, бидејќи оваа власт создава образование достапно за секое дете.
Владата предводена од СДСМ во овие вонредни услови за рекордни време обезбеди хибриден модел на настава со кој секое дете е вклучено во образовниот процес. Дополнително, за само два месеци обезбедени се 32.000 електронски уреди со кои децата учествуваат на онлајн наставата. Во моментот настава на ТВ и со достава на материјали следат околу 8.000 ученици, за кои во соработка со општините се прават интензивни напори за набавка на дополнителна опрема.
ВМРО-ДПМНЕ нема право да зборува за образование. Цела деценија плански го уништуваа образовниот систем и не покажаа трошка грижа за идните генерации. Време е да престанат да шират груби лаги и манипулации и да почнат да работат како одговорна и конструктивна опозиција.