По бројните реакции за интернет страната на Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби се огласија и од неговиот Кабинет со објаснување дека се работи за недоразбирање и дека истата секако ќе биде и на Македонски, а не само на Албански јазик.
„Ве известуваме дека интернет страницата на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во овој двонеделен период беше нефункционална, поради недоразбирање со сега веќе претходната компанија која што ја одржуваше интернет страницата https://mpsoz.gov.mk/.Веб страницата на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците моментално се обработува и не е целосно комплетирана стои во соопштението.
Од Кабинетот на Груби велат дека интернет страната секако дека ќе биде на Македонски јазик и на Албански јазик.