Македонскиот ракометен првак и сеуште европски „крал“ Вардар вечерва (20.45 ч.) во салата „Хала легионов“ против Кјелце ќе излезе со истите 16-мина со кои го одигра мечот во Скопје, што минатат седмица го доби со 29-33 полскиот првак.
Она што ќе биде различно за вечерашната реванш-пресметка од групата во Лигата на шампионите меѓу овие два тиме што на паркетот кај домаќинот ќе недостасуваат поранешниот вардаров играч Игор Карачиќ и Сигвалди Бјорн Гудјонсен. Двацата не се наоѓаат на списокот со играчи кој е објавен од старна на тренерот Талант Душебаев.