Скандалите во битолската болница немаат крај, по мртви тела, чадори за заштита од фекалии, истрага и Филипче оставка

Интегрален текст од прес конференција на Наум Стоилковски, портпарол  на ВМРО-ДПМНЕ

„Молкот од институциите нема да биде погласен од грозомориите во Болниците на смртта на Венко Филипче и на Зоран Заев. Ниту Филипче ниту Заев ниту било кој од власта не се огласија по оние нечовечки, нехумани, грозоморни фотографии на кои се гледа како пациент прима инфузиска терапија легнат во просторија со починати. Внимавајте, пациент прима инфузиска терапија легнат до мртви човечки тела.  Ова е ужас. Во македонските болници владее целосен хаос, безживотни тела оставени се во простории, во ходници, во чекални, целосно безредие во организација на Филипче и на Заев. Овој ужас од фотографиите се обидуваат да го сокријат, да не се види нечовечноста и нехуманоста во болниците на смртта, да мине без реакција и одговорност за тоа што го посведочи цела македонска јавност, во иста просторија со четири кревети, на два од нив има мртви тела, на починати пациенти, додека на други два пациенти им се дава инфузиска терапија. Грозоморно!

Безживотни тела оставени во простории, во ходници, во чекални, целосно безредие владее во болниците на смртта на Филипче и на Заев. За хаосот предупредувавме уште кога инфузиски терапии беа давани во дворовите на болниците на Филипче. Почитувани нема ден, нема час, а граѓани да не споделат дел од грозоморието во болниците на смртта на Венко Филипче. Снимката на социјалните мрежи од битолската болница, во која владее хаос, безредие и нехумани и недостојни услови за престој повторно посведочија пред јавноста. Битолската болница на смртта е објект во кој што пациентите се омаловажени, треба да користат санитарни јазли како да се во севернокорејски затвор, а не во болница во Европа.

Го погледнавте видеото споделено од пациенти во битолската болница на смртта, видео кое што покажува каков нехуман, нечовечки, нехигиенски услови владеат во хаосот креиран од Зоран Заев и Венко Филипче. Хаосот во болниците на смртта владее по речиси цела година смртоносна епидемија која што ја зафати земјата и со која што не можат да се справат. Ова е пресериозно за здравството се остави и натаму во нивни раце. Со таков пристап како што сега го видовме најлошото допрва доаѓа. Ова е пресериозна состојба за македонското здравство да се остави во рацете на Венко Филипче и на Зоран  Заев! Инсистираме на одговорност и оставка на директорката на битолската болница Билјана Гагачовска, но и одговорност и оставка на министерот Венко Филипче кој што дозволи ваков хаос и одговорност и оставка од Зоран Заев чиј што инает и желба за власт доведе до најголем смртност, ширење на епидемијата и претворање на здравството во болници на смртта!

 

 

Треба да знаете
Последни објави