Британската компанија АстраЗенека најави дека ќе направи дополнителни тестови ширум светот за да ја процени ефикасноста на вакцината против Ковид-19, изјави денеска директорот на АстраЗенека, Паскал Сорио.
Тој додаде дека новите тестови ќе одредат дали помалата дози вакцина подобро функционира отколку поголемата дози.
АстраЗенека, која на вакцината против новиот коронавирус работи со Универзитетот Оксфорд, се соочува со непријатни прашања за ефикасноста на вакцината, поради што може да биде пролонгирано одобрението за употреба во САД и во Евопска унија.