(Видео) Наполи тагува по својот Бог

Во Неапол денеска е ден на жалост по смртта на Диего Армандо Марадона. Своите најдобри години во клупскиот фудбал Марадона ги имаше во Наполи, клубот кој до неговото доаѓање во 1984 немаше позначајни успеси.

-Вечерва умре делче од Неапол. Тој беше најчовечки од сите богови“, изјави Антонио Еспозито, стоејќи пред шестметарски мурал на Марадона.

-Стотици жители на Неапол излегоа на улиците и се собираат пред муралите со Аргентинецот, а со кои е преплавен целиот град во кој Марадона ужива статус на божество. Марадона помина седум години во Наполи, кој за тој период ги освои своите две единствени шампионски титули.

Треба да знаете
Последни објави