Бројот на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 963 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 15 од пациентите заразени од коронавирусот.
Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, во минатите 24 часа се регистрирани 775 новозаболени, со што бројката на лица кај кои е откриен вирусот се искачи на 37.028. Од нив, вклучително вчерашните 553 излекувани, болеста досега ја совладале 22.690 лица.
Официјално, согласно официјалните податоци, во земјата моментно има 13.375 носители на заразата.
Вчера се извршени 1.903, а вкупно досега 137.872 тестирања со методот РТ-ПЦР.