Откако со недели е главна тема на разговор на нацијата, популарното кинеско реалити-шоу Sisters Riding the Winds and Breaking the Waves доби ново признание, пренесуваат локалните медиуми.
Телевизиското шоу во кое настапуваат 30 женски ѕвезди на возраст над 30 години беше прогласено за најдобра програма на годината на 21-то доделување на China Video Awards 2020, кинеско годишно признание што го спонзорира магазинот „Њу викли“ со седиште во Гуангдонг.
„Како одлично шоу со прекрасни изведби, програмата успешно го доловува бурното емоционално прикриено чувство на стрес кај современите жени, зборува за нивната анксиозност и храброст да се спротивстават на општествената пристрасност кон возраста и полот,“ велат членовите на жирито.