Русија успешно тестираше хиперсонична ракета „Циркон” во Белото Море, која, откако прелетала 450 километри, погодила цел во Баренцовото Море, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
– За време на летот, ракетата разви брзина поголема од осум маха, истакна Министерството.
Хиперсоничната крстосувачка ракета „Циркон” за првпат беше тестирана на почетокот на октомври.