Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 388 мерки, меѓу кои 46 за возење без возачка дозвола, 34 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 санкции за користење на мобилен телефон. За непрописно паркирање изречени се 59 мерки, а 55 мерки за неносење на заштитна маска.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на општина Бутел и Чучер-Сандево изречени се вкупно 171 мерки, меѓу кои 28 за возење без возачка дозвола, 12 за нерегистрирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.