Поради сериозноста на здравствената состојба, тројца пациенти со Ковид-19, кои досега беа хоспитализирани во грчкиот град Драма, попладнево со C-130 преку градот Кавала пристигнаа на лекување во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.
Од болницата во Драма, за грчката новинска агенција АНА-МПА објасниле дека поради критичноста на здравствената состојба на пациентите кои во изминатите два дена биле приклучени на апарати, било неопходно нивно пренесување во Атина.
Пациентите беа пренесени во специјална капсула и во придружба на лекари.