Тинејџер од Шуто Оризари, заедно со неколку години постара девојка ограбувале автомобили во населбата, а украдените премети ги продавале на отпад, информираше МВР.
-Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за внатрешни работи Чаир до Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.И.(18) поради постоење основано сомнение дека сторил 17 кривични дела „тешка кражба“ казниви по чл.236 од Кривичниот законик, Ш.М.(26) поради постоење основано сомнение дека сторила 17 кривични дела „соизвршителство“ казниви по чл.22 од Кривичниот законик, С.И.(41) поради постоење основано сомнение дека сторил 16 кривични дела „прикривање“ казниви по чл.261 од Кривичниот законик и М.Б.(29) поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела „прикривање“ казниви по чл.261 од Кривичниот законик, велат од полицијата.
Тинејџерот со девојката ноќта меѓу 13 / 14.11.2020 година, извршиле 17 кривични дела „тешки кражби“ во патнички моторни возила низ населбата Шуто Оризари.
-Украдените предмети првопријавениот потоа ги продал на третопријавениот С.И., сопственик на отпад за секундарни суровини, и на четвртопријавениот М.Б. со што првопријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 83.300,00 денари, а причинил дополнителна материјална штета.
Од страна на полициски службеници пријавените лица се лишени од слобода, а украдените предмети се одземени и се вратени на сопствениците,велат од МВР..