Во изминатите 24 часа од коронавирусот во Грција починаа 99 лица, додека пак регистрирани се 2.018 нови случаи, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.
Од новозаразените 562 се во Солун, 408 во Атика (поширокиот регион на Атина), 115 во Лариса, а останатите во 44 различни региони во Грција.
Во грчките болници, приклучени на апарати се лекуваат 608 пациенти, 11 повеќе од вчера.
Од почетокот на епидемијата, регистрирани се вкупно 99.306 позитивни лица на Ковид-19 и 2.001 смртен случај. ср/