Постојат неколку причини зошто се поголеми шансите повеќе да настинуваме во овој период од годината. Нашите гени се менуваат со годишните времиња. Неодамнешно истражување откри дека четвртина од нашата ДНК се менува со годишното доба.
Студијата откри дека во текот на зимските времиња нашите тела го зголемуваат бројот на гени одговорни за воспаленија.
Од друга страна, во текот на летото е изразен сосема поинаков склоп на гени, вклучително и оние кои помагаат во регулирање на шеќерот и желбата за некоја храна.
Тогаш исто така се активираат и многу делови од нашиот имун систем, кои нè бранат од инфекции и настинки. Научници ги истражуваа податоците од претходни истражувања, фокусирајќи се на ДНК-та на луѓе сè додека не собрале податоци за приближно 1.000 луѓе кои живеат во шест различни земји: Австралија, Германија, Америка, Обединетото Кралство, Исланд и Гамбија. На овој начин ги следеле човечките гени како и нивната промена во текот на времето, во зависност од локацијата и изложеноста на сонце.
Откриле дека во Европа инфламаторните гени кај некои луѓе се зголемени во текот на зимските месеци, додека во Гамбија каде практично нема зима, овие гени биле позасилени во сезоната на дожд, кога комарците се најактивни и кога ризикот од маларија е зголемен.
Ниските температури нè наведуваат повеќе време да минуваме на затворено. Настинките полесно и побрзо се шират во затворени простории. Студеното време им помага на микробите да напредуваат, покажува истражувањето на Националниот институт за здравје.