Реконструкцијата и проширување со трета лента на патот Крива Паланка – Деве Баир, граничен премин со Бугарија, се одвива со забрзано темпо. Увид во градежните работи на терен денес извршија премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
-Овој патен правец е најзначаен дел од Коридорот 8, бидејќи претставува најфреквентна линија во товарниот сообраќај, кон и од соседна Бугарија. Дополнително е значаен заради регионалното поврзување и пограничната соработка меѓу општините кои гравитираат во овој дел. Токму поради регионалното поврзување и соработка, како еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија, модернизацијата на Коридорот 8 е од огромна економска важност за нашата земја, а оттаму и наша стратешка определба. Целиот Коридор 8 се реконструира. Патните правци се обновуваат и за година-две граѓаните ќе добијат целосно обновена модерна патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со соседна Бугарија и со Албанија и обезбедуваме излез на две пристаништа: Бургас на Црното Море и Драч на Јадранското. Тоа ќе има позитивен ефект врз поврзувањето на граѓаните од трите земји и врз унапредување на трговските и економски релации помеѓу компаниите, изјави премиерот Заев.
Истакна дека дел од овој процес е и доизградбата на железницата на овој коридор, што е поделен на 3 делници: Куманово – Бељаковце, Бељаковце – Крива Паланка и Крива Паланка – Деве Баир.
-Инвестициите во инфраструктурата се исклучително важни бидејќи отвораат нови работни места. Ја движат економијата напред и со тоа го подобруваат животниот стандард на секој граѓанин. И во вонредни услови патиштата ширум нашата земја забрзано се градат со почитување на сите безбедносни протоколи за заштита. Сето ова на среден и долг рок ќе влијае на економскиот развој. Ги модернизираме енергетските и транспортните коридори кои минуваат низ Северна Македонија за да развиеме систем на превоз што ќе придонесе за зголемување на трговската размена, во функција на подобрување на конкурентноста и развојот на економијата и комуникацијата со европските земји. Силно сме посветени на изградбата на крупните капитални проекти кои ќе донесат долгорочен бенефит за сегашните и за идните генерации, додаде Заев.
Министерот Бочварски посочи дека овој значаен Пан Европски коридор, коридорот 8 е дел од определбите на Владата за реализација на транспортните политики кои се засноваат на интеграција со регионот, на по добро поврзување со соседите и подобра комуникација меѓу земјите.
-Реализацијата на капиталните проекти е особено важна во ова тешко време кога се обидуваме со сите сили да ја доведеме економијата, градежништвото и другите сектори на оптимално ниво. Коридорот 8 не поврзува со неколку земји од регионот и ги отвора вратите кон Европа за граѓаните и што е по важно, з акомпаниите. Значаен е за поврзување со Бугарија на исток и Албанија на запад. Во реалзиација на историски најголемите инвестиции досега во патната инфраструктура, само во овој дел од државата инвестираме околу 100 милиони евра за изградба и модернизација на овој коридор. Конкретно, кон Р Бугарија се рехабилитираше автопатото Скопје-Куманово, во тек е рехабилитација на патото Куманово-Страцин, го рехабилитиравме патото Ранковце-Крива Паланка, се гради во меѓувреме нов експресен пат Ранковце-Крива Паланка и ја рехабилитираме оваа делница Крива Паланка- граничен премин Деве Баир, со проширување со трета лента, рече Бочварски.
Истакна дека до 2022 очекува да имаме комплетно нова патна врска со Бугарија.
-Патот од Крива Паланка до Деве Баир е поделен на три под-делници: првата само се рехабилитира поради тоа што минува низ населено место, во втората делница се врши проширување со трета лента, се прават девијации и се рушат постоечките мостови, се реконструираат и ќе се градат нови мостови, а во моментот на оваа подделница врши изградба на нов потпорен ѕид со поставување заштитни мрежи, додека двете девијации се речиси целосно завршени, а на третата подделница е предвидена рехабилитација на постојниот дел и изградба на вијадукти. Во моментот се врши асфалтирање, направена е замена на рабници, завршени се стационажи и завршено е гребење и порамнуавње на псотојниот афалт, рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.