Зоран Заев е лидерот со неприкосновена доверба кај членовите на СДСМ, човекот кој се соочи со тестот на судбината и ги преброди сите премрежјата за добро на државата и граѓаните, додека многумина за тоа го распнуваат.
Бранко Црвенковски е партиска икона кон кого членството има почит.
Ние како социјалдемократи не смееме да дозволиме меѓусебен јаз поради легитимното размислување на кого било во партијата, затоа што демократијата е во основата на нашето делување.
Се знае каде е историјата, а каде иднината – И двете се во СДСМ!
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија испиша плодна историја основајќи ги темелите на современата македонска држава!
СДСМ ја обезбеди европска и НАТО иднина и перспектива!
СДСМ сплотена и обединета, ќе излезе како победник и од овие предизвици!
Лидерството кое пред крупни одлуки се базира на јавното мнение, не е лидерство туку следбеништво, а СДСМ знае само за Лидерство!