Во емотивна вечер во Неапол, под силен набој по смртта на иконата на клубот Диего Армандо Марадона, Наполи славеше против Ријека со 2-0 во 4. коло од Лигата на Европа.
Во мечот на двајцата македонски репрезентативци на крај поуспешен Елиф Елмас од Дарко Велковски. Наполи дојде до победата со автоголот на Анастасио во 40. минута и со голот на Лозано во 75. минута.
Елмас одигра 69. минута како стартер на наполитанците, а Велковски го одигра целиот натпревар во дресот на Ријека.