Питер Шилтон беше голманот на англиската репрезентација што во 1986 година го загуби четврт-финалето на Светското првенство од Аргентина, мечот кога Марадона со рака постигна гол и ја најави елиминацијата на мундиалот на силниот тим од „Гордиот Албион“.
Кога светот му оддава почит на фудбалскиот мајстор Марадона, а Шилтон изразува сочувство и се присетува на тој натпреавр како што вели дека никогаш нема да се помири со тоа што го направи Аргентинецот во 1986 година.
-Мојот живот долго време се поврзуваше со Диего Марадона, но не на начинот на кој сакав. Тажен сум за неговата смрт, тој почина на релативно млада возраст. Без сомнение е еден од најголемите фудбалери со кои сум се сретнал и моите мисли се со неговата фамилија, вели Шилтон и почнува да го раскажува мечот од 1986 година.
-Тој ден во 1986 година во Мексико Сити, мислевме дека сме подготвени за Марадона. Четврт-финалето на Светското првенство против Аргентина беше најголемиот натпревар за Англија тогаш, а тој беше најопасниот противнички играч за нас.