Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини при гостувањето на ТВ 24, на прашањето за продолжување на договорот на актуелниот селекторт Игор Ангеловски – Мрме, под чие водство државниот тим го постигна најголемиот успех досега, пласман на зваршницата на ЕП-2020, кое ќе се одржи идното лето ширу „стариот континент“, одговори дека за тоа ќе решава Управниот одбор.
Ангеловски има договор со ФФМ до крајот на декември годинава.
-Игор Ангеловски е селектор на фудбалскате репрезентација, неговиот договорот со ФФМ истекува на 31 декември. Одлуките кај нас во федерацијата не се носат поединечно, за тоа постои орган, како што се донесе одлука за продолжување на догворот со актуелниот селектор, кој го направи најголемиот успех на нашиот национален тим, по истекувањето на договорот ќе се разгледаат барањата на селекторот и ќе се донесе одлука, изјави Сејдини.