Дајан Китон е еуфорична во пофалбите за изменетата верзија на последниот дел од трилогијата „Кум“ на Френсис Форд Копола, откако доби шанса да ја гледа.
Во разговор со „Варајети“ оваа среда, актерката рече дека гледањето на новиот филм бил еден од најдобрите моменти во нејзиниот живот.
Оваа верзија на последниот од трите ремек-дела на Френсис Копола, насловен „Кум на Марио Пузо, „Кода: Смртта на Мајкл Корлеоне“, се обидува да ги реши проблемите во оригиналниот филм што ги остави критичарите потиштени кога беше премиерно прикажан кон крајот на 1990 година.
„Ова беше еден од најдобрите моменти во мојот живот“, се воодушеви Китон откако го виде филмот на приватна проекција која Копола ја организираше во една од малите киносали на „ Парамаунт “ за себе и за оригиналните ѕвезди Ал Пачино, Талија Шајер и Џорџ Хамилтон.
„За мене тоа беше остварување на сонот. Го видов филмот во сосема поинакво светло,“ рече таа.
Иако филмот имаше комерцијален успех, заработувајќи речиси 137 милиони долари наспроти буџет од 54 милиони долари, многу критичари не беа импресионирани од него, особено во споредба со првите два филма „Кум“, кои се сметаат за ремек-дела.