Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 51 смртен случај и 4.009 новозаразени со коронавирусот, што е најголем дневен број досега.
Во Хрватска денеска има вкупно 21.725 активни случаи, од кои 2.171 се во болница.
На респиратор се 252 пациенти, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.
Од 25 февруари во Хрватска до сега се регистрирани вкупно 115.626 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 1.552 починале, а 92.349 се излекувани од кои 2.924 во последните 24 часа.
Во моментов има 50.165 лица во самоизолација. До денеска се тестирани вкупно 713.729 лица, од кои 11.487 во последните 24 часа.