Граѓаните покажаа дека сакаат иднина, сакаат развој и напредок, сакаат членство во НАТО и ЕУ.
Не му помогна ниту поддршката од неговата вазалска партија Левица, a јавноста вечерва сведочеше на контрадикторно однесување, на навреди и клевети, на повици за насилство.
Граѓаните добро го знаат игнорантскиот, срамниот однос на ДПМНЕ кон НОБ, АСНОМ и македонските партизани.
ДПМНЕ е партијата која целата своја идеологија ја изгради на погазување на НОБ, на борците, партизаните, на бришење и менување на имиња на улици, булевари и установи именувани по македонски партизани, партија која за време на режимот, ги исфрли на улица живите борци и ги остави без простории, партија која создаде Музеј на жртвите на комунизмот.
Само во Скопје, беа избиршани и преименувани, улицата Стив Наумов, „Мост на револуцијата”, „29 ноември” и многу други, па дури и пораката на Тито за солидарност од Железничката станица.
Ете тоа е ДПМНЕ.
Мицкоски и неговите приврзаници можат да блокираат колку сакаат, граѓаните знаат што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет во најтешките преговори во историјата на земјата.
Затоа јавноста не го поддржува и Мицкоски доживува дебакли на секој протест, затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција.