Американскиот претседател Доналд Трамп го одобри помилувањето на неговиот поранешен советник за национална безбедност, генералот Мајкл Флин.
„Голема чест ми е што објавувам дека генералот Мајкл Т. Флин доби целосно помилување. Честитки за генералот Флин и неговото прекрасно семејство”, напиша Трамп на својот профил на Твитер, посакувајќи му среќен празник на Флин.
Американските медиуми пренесуваат дека Флин е вториот соработник на кого претседателот му даде помилување откако беше осуден во процесот на руско влијание на претседателските избори во 2016 година.
Претходно, Трамп го помилува и Роџер Стоун, неговиот долгогодишен близок соработник, само неколку дена пред Стоун да почне да ја издржува затворската казна.