Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем, трофејниот португалски стратег Жозе Мурињо, како и по секоја победа, беше расположен за шеги, а синоќа по победата на неговиот тим од 4-0 против бугарскиот Лудогорец во Лигата на Европа, на интересен начин го искоментира неворојатниот гол на Хари Винкс. По мечот, Винкс изјави дека всушност не шутирал кон голот, туку сакал да испрати дијагонала кон Герет Бејл.
-Тој кажа дека сакал да му додаде на Герет. Но, премногу е искрен. Да бев јас на негово место, ќе кажев дека сум се обидел да дадам гол за да бидам кандидат за наградата Пушкаш“, изјави Мурињо.
Jose would have claimed @HarryWinks' goal 😅 pic.twitter.com/jCGN2R9Trl
— B/R Football (@brfootball) November 26, 2020