Неколку месеци по неформалната разделба со Брајан Остин Грин и неколку дена откако „официјално” зачекори по црвенииот тепих со новото момче – раперот Машинган Кели, глумицата Меган Фокс конечно поднесе документи за развод од сопругот.
Таа во неделата се појави со момчето на црвениот тепих на Американските музички награди, а документите за развод се поднесени завчера, во средата. Повеќе детали не се откриваат.
Грин и Фокс се разделија во мај, по што двајцата во јавноста се појавуваа со други партнери – таа со раперот, а тој со 2-3 други девојки..
Фокс за Кели ќе рече – како да е „во врска со љубовен вулкан”, во една прилика, како што пренесуваат американските таблоиди.