Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 вечерва официјално соопшти дека мечот против ПСЖ во Париз презакажан за 1 декември повторно е одложен поради позитивни случаи на коронавирус во своите редови.
„По враќањето од Кјелце, Полска каде Вардар 1961 во средата го одигра својот меч од ЕХФ лигата на шампионите, еден наш ракометар се пожали на зголемена телесна температура. Истиот беше тестиран по што беше утврдено дека има позитивен тест.. Веднаш беше тестирана целата експедиција што беше во Полска и позитивни тестови имаа уште неколку наши членови. Според протоколите сите ќе бидат во изолација како што е прошишано од здравствените власти“, се наведува во соопштението на Вардар.
Претходно во текот на денот, полскиот првак Киелце обелодени дека оди во самозилација откако добиле информација дека македoнскиот првак имал четворица позитивни ракометари на коронавирус на пресметката во Полска.
За мечот против ПСЖ во Париз, кој првично трбаше да се игра во октомври,ќе се бара друг термин и координација со двете екипи.
Планирано беше во следниот период Вардар 1961 во следниот период да одигра три натпревари, два на гости против ПСЖ и Порто, и потоа на 10 декември со ПСЖ на гости.