Министерството за здравство и социјална заштита информираше дека во Албанија продолжува трендот на голем број заразени, починати но и на оздравени од Ковид-19.
-Во последното деноноќие процентот на лицата кај кои е дијагносициран Ковид-19 останува непромент,односно 30 отсто од тестираните. Направени се 2.201 тестови при што позитивен резултат е добиен кај 645 лица. Битката со вирусот ја добија 403 или вкупно 17.755 од вкупно заразените 36.245 лица,информираа од министертвото.
Се додава дека во исто време починале 18 или вкупно 771 лица до сега. Меѓу починатите е и познатата албанска академска сликарка Лумтурие Блоши(76) која била заразена пред три недели. Блоши ја споредуваа со истакнатата мексиканска сликарка Фрида Кало.
Моментно активни на болеста се 17.719 од кои во трите ковид болници се хоспиталзирани 463, од нив пак 33 се во тешка состојба.
Наспроти тврдењето на надлежните дека има доволно болнички легла, медумите јавуваат за преполнети болнички капацитети.
Телевизијата Њуз 24 објави снимки каде се гледа како најмалку десеттина амбулантни возила се во дворот на ковид два болницата а во нив има болни во потешка форма
на кои тука им се дава лекарска услуга се до ослободување на болнички кревет.На снимката се гледаат и амбулантни возила надвор од болничкиот двор кои чекаат да се ослободи место за да влезат.
Вчера министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, гарантираше дека има слободни болнички легла и упати апел до граѓаните,кои се со потешка форма на болеста,да не доцнат, туку веднаш да се јават во ковид болниците.
Поради влошената епдемиолошка состојба во земјата, од први декември наставата во основното и средното образовение ќе се одвива комбинирано, онлајн и со физичко присуство на учениците,а не како до сега само со физичко присуство. Учениците од прво до петто одделение во основните училишта,како и матурантите ќе следат настава со физичко присуство,додека останатите онлајн.