Во Русија во последните 24 часа се регистрирани 27.543 новозаразени со коронавирусот, што е најголем број на нови случаи за еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти денеска Центарот за борба против коронавирусот.
Во истиот период починале уште 496 лица.
Од почетокот на пандемијата во Русија се заразиле 2.215.533 лица, а починале 38.558 луѓе, повеќето од московскиот регион.
Според официјалните податоци, од почетокот на пандемијата 77,3 проценти од пациентите закрепнале од коронавирусот.