Генерал Апостолски: Во ослободувањето на Крива Паланка, Куманово и други места учествуваше и бугарска војска

Генерал Михаило Апостолски, кој е водач на македонската армија во текот на НОБ, пишува дека по одобрение на врховниот командант на НОВ и ПОЈ, Јосип Броз Тито, во завршните операции од антифашистичката битка активно се вклучила и армијата на Отечествениот фронт на Бугарија, а во операцијата за ослободување на Скопје учествувала Втората отечествено-фронтовска бугарска армија, пишува „360степени“.

Во посебната публикација „НОБ на Македонија“, издадена во Скопје во 1964 година, тогаш генерал-полковник на ЈНА во пензија, Михаило Апостолски, заедно со Јован Павловски, објавува низа фотографии, документи и карти со пригоден текст по повод дваесетгодишнината од ослободувањето на Македонија.

-Во Софија, штабовите на Украинскиот фронт и на Отечествениот фронт на бугарската армија, заедно со претставници на НОВ и ПОЈ ги утврдија основните правци на дејствување на Отечествениот фронт на бугарската армија на територијата на Југославија. Овие акции беа усогласени со оперативниот план на Главниот штаб на Македонија“, пишува во книгата во која има и документиран приказ (мапи) на дејствијата што биле подоцна преземени.

Според податоците што ги објавува генерал Апостолски, Првата отечествено-фронтовска бугарска армија на 3 октомври 1944 година ги отпочнува своите операции во долината на Крива Река.

-Оваа армија, по долга битка, на 8 октомври 1944 година ја ослободува Крива Паланка. Од 12 до 18 октомври тие водат жестоки борби за позициите во реонот на Чифте Ан. Најтешките биле кај Страцин, кои траеле од 22 до 25 октомври 1944 година. Додека тие напаѓаа фронтално, единиците на Кумановската народноослободителна дивизија странично ги напаѓаа германските позиции. После долготрајна и тешка битка, на 11 ноември 1944 година, конечно, единиците на Првата отечествено-фронтовска бугарска армија и единиците на Кумановската дивизија го ослободија градот Куманово“, вели Апостолски.

Целиот текст на „360степени“.

Треба да знаете
Последни објави