Рабин бил нападнатnпод закана со нож во Виена од жена која му ја откинала кипата од главата и врескала антисемитски закани пред да избега, соопшти полицијата во австриската престолнина, пренесува ОРФ.
Инцидентот се случил вчера попладне кога жената, на возраст од околу 50 години, му пришла на рабинот и го извадила ножот од својата чанта.
Таа го клоцнала рабинот во ногата, му ја турнала шапката од главата, а потоа му ја искинала кипата. Главната еврејска организација во Виена вели дека жената врескала: „Заколете ги сите Евреи“.
Полицијата ја пребарала областа, но не успеала да ја пронајде жената.
Министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер, го осуди злосторството како напад врз еврејскиот живот во Виена, а случајот го презеде агенцијата што истражува екстремизам и тероризам.
„Покрај зголемената заштита на синагогите што веќе е наредена, се преземаат сите мерки за брзо расчистување на овој очигледно антисемитски напад“, рече Нехамер. „Нема толеранција за антисемитизам, без разлика дали е политички или религиозно мотивиран“, додаде тој.
Полицијата соопшти дека рабинот дека немал физички повреди.