Началникот на иранската нуклерана програма Мохсен Фахризаде е убиен во близина на Техеран. Тоа го објави иранската полуофицијална новинска агенција „Фарс”.
Нападот се случил во Абсард, источно од главниот град на Иран.
Државната телевизија Прес ТВ истакна дека првичните информации доаѓаат од „неофицијални извори”, но државната телевизија ИРИБ исто така јави за убиството. Други извештаи велат дека Фахризаде е ранет во нападот и хоспитализиран, а некои велат дека имало и други жртви во нападот.
Информацијата ја пренесоа и западните медиуми – ДПА, Ројтерс, АФП и АП, но сите се повикаа на иранските медиуми.