Познатата италијанска глумица и сценаристка Дарија Николоди, инаку мајка на глумицата Асија Арџенто, почина на 70-годишна возраст, во Рим. Нејзината ќерка го потврди тоа на Инстаграм.
Дарија Николоди е, можеби, најпозната по заедничкото сценарио со тогашниот нејзин сопруг – режисерот Дарио Арџенто, за нивниот филм „Суспирија” од 1977 година. Дарија и Дарио се разделија 1985 година, но во меѓувреме таа и глумеше во неколку негови филмови – „Длабка црвена”, „Инферно”, „Феномен”, „Опера”… Асија е нивна ќерка.
Таа има уште една ќерка – Ана, од бракот со скулпторот Марио Сероли.
Актерската кариера Дарија ја заврши 2009 година.