Празникот Ден на благодарноста, или Тенксгивинг, е време кога милиони Американци тргнуваат на пат кај роднини, пријатели, на одмор, или го поминуваат дома со најблиските, но оваа година е малку поразлична.
Круговите се затегнаа како резултат на зголемениот број случаи на Ковид-19. Но, тоа не значи дека sвездите не ја облекуваат најубавата облека за да уживаат во мисирка и вино со оние кои им се драги.
Познати личности се појавија на „Инстаграм“ рано во четвртокот за да го покажат декорот што го подготвија за годишниот празник на храната.
Меѓу нив, прва беше Рис Витерспун.
Џенифер Анистон позираше со своето ново куче по име Лорд Честерфилд. „Ние сме благодарни“, напиша таа.
Не изостана ниту свршеникотна Џенифер Лопез, Алекс Родригез. „Бидете благодарни за луѓето што прават промена во вашиот живот,“ напиша Родригез на објавата додека позира со Џеј Ло заедно со нивното мешано семејство.
Денот на благодарноста е празник во чест на жетвата кој главно се прославува во САД и Канада. Во САД се прославува на четвртиот четврток од ноември.