Ви благодарам што дојдовте на овој наш денешен протест на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.
Повод за овој протест кој што го имаме во Битола денес е општото огромно незадоволство кое што владее во Македонија од политиките, изјавите и постапките на Зоран Заев.
Значи, она што се случува во Македонија е навистина еден изворен и оправдан револт.
Македонија никогаш не била попонижена. Македонија никогаш не била поопљачкана. И затоа Македонија се буди. Ова не е само партиски контекст, ова е општонароден контекст, ова се сите луѓе кои што силно, силно ја сакаат и ја љубат Македонија.