Филмот „Зараза“ (Contagion) од 2011 година сега изгледа морничаво кога станува збор за прикажување на модерна пандемија, со оглед на неговите паралели со сегашната пандемија на КОВИД-19.
А sвездата на филмот, Џад Ло, се осврна на сличностите во интервјуто за GQ овој четврток.
„Постоеше апсолутно чувство дека ова ќе се случи“, рече 47-годишниот актер кога разговараше за неговите најиконични улоги.
Тој рече дека научниците го предупредиле за време на снимањето на акција-трилерот „Зараза“ во 2011 година дека вистинската пандемија e неизбежна, и дека е прашањето не било дали, туку кога почне.
„Тие предупредија дека вистинската пандемија e неизбежна,“ рече Ло, цитирајќи еден од нив: „Не е прашање дали, туку кога ќе се случи.“
Ло појасни дека неколку научници биле повикани во текот на снимањето на филмот за да соработуваат со сценаристот Скот Барнс и режисерот Стивен Содерберг. „Тие беа многу искусни индивидуи кои знаеја што да очекуваат.“