Георгиевски: Заев не кажа ништо погрешно во интервјуто

Претседателот на ВМРО Народна партија, Љубчо Георгиевски во гостување на ТВ 24 со поддршка на Заев. Георгиевски потнцираше дека сите работи што ги зборувал Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се во согласност со објективната историја и во согласност со најголем дел од книгите извадени од македонскиот архив се точни.

„Според мене Заев во тоа интервју не кажа ништо грешно, освен можеби за ставот околу Втората светска војна. Меѓутоа, сите дијагнози и описи на работите според моето сфаќање на македонската историја и односите со Бугарија му беа 100 проценти точни. Тие произлегуваат не само од бугарските ставови, туку и од книгите кои ги подолго време се издаваат и ги верификуваат македонски историчари и излегуваат од македонскиот архив. Ако ги погледнеме сите тие книги се гледа таа општа историја со Бугарија. Сите тие што го напаѓаат Заев можеби ќе бидат принципиелни, ако барем во последните 30 години кажале нешто позитивно за Бугарија. Меѓутоа ако ги погледнете сите тие што го напаѓаат Заев, во минатите 30 години напаѓале и плукале. Јас ќе ве потсетам, кога зборував дека треба да го менуваме односот со Бугарија, кога зборував дека треба да ја ревидираме нашата историја во поглед на таа македонско-бугарска блискост која постоела и е јасна во историјата – ги добивав сите можни етикети. Јас кога бев премиер направив една декларација да бидеме пријатели, а за жал денес станавме непријатели. Факт е дека Бугарија ако не се спротивставеше на Европската Унија, ако не се спротивставеше на НАТО земјите, ние немаше да добиеме држава. Од Бугарија Македонија има видено големо помош. Кога ќе зборувате со дипломати кои биле во Брисел, најголема поддршка добивале од бугарски дипломати,  вели Георгиевски за Студио 10.

Според него, Заев решава два три крупни проблеми од државен аспект, за разликата од претходната Влада и му дава поддршка да ги реши, но во она интервју не кажа ништо погрешно.

-Ако Бугарија стави вето, главната агенда на Заев ќе биде девалвирана. Човекот решава два три крупни проблеми од државен аспект и му давам поддршка да ги реши. Ако погледнеме од онаа објективна вистина, Заев во она интервју не кажа ништо погрешно. Според мене Заев има многу слабости, Економија, борбата со К-овид меѓутоа на геостратешки планови на Македонија покажува голема храброст за разлика од други политилчари кои овие прашања ги ставаа под чергиче. Пример за тоа е претходната Влада. Јас навистина интервјуто на Заев го ценам само во тој контекст да демонстрираме уште еднаш, ова е најотворено интервју на еден премиер и на еден политичар према Бугарија, нели желба и потреба за пријателство. Сето тоа е еден доказ дека во Македонија има сили кои сакаат да направат промена во тој поглед, сега колку ќе биде светено, колку ќе биде разберено, јас се надевам дека нема да ја прокоцкаат шансата од нивна страна затоа што навистина ова е единствена шанса. Значи ако се обидат да сфатат дека ова нова Влада навистина прави еден нов дух, една нова енергија која сака да ги смири односите, која сака да ги подобри односите, мислам ќе дојдеме до некакво решение сега во декември, вели Георгиевски.

 

Треба да знаете
Последни објави