Oд почетокот на пандмијата матичните лекари се првата и примарна линија за дететектирање и лекување на пациенти со ковид 19. Доктор Татјана Блажевска, чија амбуланта постои повеке од 23години вели дека и покрај пандемијата за жал сеуште нема протокол за лекување на пациенти болни од корона. Таа за 24 инфо вели дека има вкупно околу 4.000 матични пациенти, а заразените ги лекува врз основа на нивната клиничка слика.
За жал протокол за лекување на пациенти со ковид 19 нема. Јас можам да кажам од лично искуство дека терапијата која што ја препорачуваме во нашата амбуланта е исклучиво врз основа на клиничката слика на пациентот, наодите од испитувањата кои ги имаме и останатите анамнестички податоци што ги добиваме од пациентот.
Дали недостига ковид амбуланта во која ќе може пациентите кои се на домашно лекување ќе може да направат анализи и снимки кои ви се потребни за понатамошно лекување?
Да, потребен е ковид дијагностички центар во кој пациентите кои што се на домашно лекување ќе можат со упат од матичен лекар да направат РТГ и проширена лабараторија. На тој начин ние како матични лекари подобро ќе ја пратиме здравствената состојба на пациентите.
Професорот Пановски апелираше дека пациенти се трујат со лекови поради тоа што неконтролирано се даваат антибиотици. Какво е вашето искуство?
Антибиотици не препишуваат само матичните лекари, многу специјалисти препишуваат двојна, тројна антибиотска терапија. Затоа под итно е потребен протокол за лекување на ковид пациенти.
Како го коментирате лекувањето по телефон од страна на вашите колегина пациенти болни со ковид?
Јас не верувам дека колегите ги лечат пациентите по телефон. Ние секојдневно ги контактираме телефонски (во моментов само во нашава амбуланта има 70 ковид позитивни пациенти) за да прашаме за нивната здравствена состојба но тоа не значи дека ги лечиме по телефон.Ниту еден пациент не е вратен непрегледан а несе само ковид пациентите. Во амбулантата доаѓаат на преглед и паценти со друга симптоматологија,хронични пациенти.А тука е и целокупната административна работа кон ФЗО ,Мој термин ,ДЗСИ(праќање на мејлови до лекарски комисии за продолжување на боледување, барања за бришење на пациентиод листа на евиденција за пациенти за домашно лекување,итн)Преглед на пациенти со симптоми суспектни за ковид и закажување на тестирања.Единствено матичен лекар е 24/7достапен.
Како ги лекувате вие вашите пациенти?
Во нашата амбуланта ковид позитивните пациенти се третираат секој различно во зависност од клиничката слика на пациентот,ртг наод на бели дробови,лабораториски анализи,пулсоксиметрија исто така зависи и од целокупната здравствена состојба на пациентот(дали боледува од некое хронично заболување).
Валентина Ангеловска