Завршува јавниот повик за субвенции за чистење оџаци

Град Скопје ги потсетува граѓаните дека викендов можат да ги исчистат своите оџаци и да аплицираат за субвенции в понеделник (30.11 до 15 часот), кога е крајниот рок за аплицирање за доделување  субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот.

Со оваа мерка Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.  Изминатите години субвенцијата беше во износ најмногу до 1.000 денари.

Оваа година Град Скопје има предвидено 2 милиона денари за оваа мерка, или вкупно средства за доделување на околу 1660 субвенции, а досега се пристигнати само 470 барања.

 

 

Треба да знаете
Последни објави