Сите оние кои нешто значат во најважната споредна работа на светото по смртта на Диего Армандо Марадона се присетуваат на деновите минати со фудбалски „бог“. И тренерот на актуелниот англиски фудбалски првак Ливерпул, германскиот трофеен стратег Јирген Клоп не крие дека бил симпатизер легендарниот Диего. Тој вели дека е привилегија што имал можност да се познава Марадона за кого смета дека е еден од тројцата најдобри фудбалери во историјата на играта.
-Имам 53 години и цел живот бев дел од Марадона. Беше и повеќе од сензационален. Ужасно ќе ми недостасува. Не кријам дека според мене тој беше еден од тројцата НАЈГОЛЕМИ – Марадона, Пеле и Меси. Тоа е таа тројка – изјави Јирген Клоп.