Стопанска комора на Македонија – Турција (МАТТО), за да им овозможи на учениците подобро образование за време на пандемскиот период, на Основното училиште „Тефејуз” во Скопје му донираше 10 лап-топ компјутери.
Претседателот на МАТТО,Ајдован Адемоски и директорот на училиштето, Салајдин Зекир потпишаа протокол за соработка. Воедно беа доделени и лап-топ компјутерите. На свеченоста присуствуваа и извршниот директор на МАТТО, Шахпаз Молалиев, како и Муртеза Сулооџа,член на УО.
-На замолница од страна на директорот на училиштето, ќе се трудиме да ги задоволиме потребите на наставниците и учениците. Би сакал да им се заблагодам на нашите членови кои донираа квалитетни компјутери. Се надевам дека оваа година ќе ја завршат со далечинско образование и дека од следната ќе го продолжат школувањето со физичко присуство, изјави Адемоски и најави дека МАТТО ќе продолжи да ги поддржува основните училишта и во наредниот период.
Директорот на „Тефејуз”, Салајдин Зекир, се заблагодари на МАТТО за укажаната поддршка Тој истакна дека во септември испратиле замолница до МАТТО и дека новите компјутери ќе им овозможат на наставниците да обезбедат поквалитетно образование.