Трофејниот фудбалски стручњак, Португалецот Жозе Мурињо по смрта на легендарниот Аргентинец Диего Армандо Марадона откри еден интересен момент во комуникацијата со еден од најдобрите играчи во историјата на најважната споредна работа на светот. „Специјалниот“ открива дека Марадона му се јавувал само кога неговите екипи ќе загубат натпревар.
-Ми се јавуваше постојано по големите и болни порази. Кога ќе остварам голема победа, никогаш не ми се јавуваше. Секогаш сум бил насмеан во моментите кога имав средба со Диего, тој беше посебен тип. На некој начин и му за видувам нему но и на неговите најблиски, што имаа привилегија да уживаат во негово присуство. Од друга страна можам да кажам дека го познавав доволно добро и секогаш по добро ќе го сеќавам. Фудбалскиот свет никогаш нема да го заборави овој човек, фудбалска големина, се присети Мурињо.