Додека Американците го слават својот омилен празник Денот на благодарноста, Ријана испрати порака на сочувство до американските староседелци.
32-годишната убавица од Барбадос се огласи на својот Инстаграм во четвртокот попладне, со искрена порака.
Иако „Тенксгивинг“ е омилен кај Американците, овој празник честопати е брутален потсетник за американските староседелци (Индијанци) за смртта на нивните предци, а Ријана сочувствува со нив, пренесуваат таблоидите.
„Некои слават денес… многу се во жалост! Испраќам љубов на сите мои браќа и сестри домородни Американци,“ напиша таа и објавата ја сподели на Инстаграм стори.