На 26.11.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога во рамките на засилените мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога, врз основа на претходна издадена судска наредба, изврши претрес кај М.Г. (29) во викенд куќа во село Моране, скопско.
При извршениот претрес е пронајден еден килограм марихуана и еден пиштол.
Лицето претходно е лишено од слобода. По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство .