На 26.11.2020 во времето од 16,00 до 17,15 часот полициски службеници од СВР Скопје, по претходно издадена судска наредба, извршија претрес во дом и други простории кај А.А.(40) од с.Грчец, скопско, осомничен за тешка кражба во куќа на улица Лука Геров во Скопје на почетокот на овој месец, од каде украл златен накит, пари и други предмети.
А.А. е приведен поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ и против него ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.